Достапни линкови

Светски економски форум во Давос


Должничката криза во еврозоната и нејзините последици по глобалната економија ќе доминираат на петдневниот годишен Светски економски форум во Давос. Форумот денеска ќе го отвори германската канцеларка Ангела Меркел, а на него ќе учествуваат над 2 илјади и 600 бизнис лидери и политичари. Во најновото истражување објавено вчера се наведува дека бизнис лидерите малку веруваат во способноста на политичарите да најдат излез од кризата. На форумот се очекува да се разговара и за иднината на капитализмот.
XS
SM
MD
LG