Достапни линкови

Груевски бара средба со Пападимос


Вицепремиерката Теута Арифи на денешната средба со нејзиниот грчки колега Теодорос Пангалос во Атина, според дипломатски извори, ќе предаде официјално писмо од македонскиот премиер Никола Груевски до грчкиот премиер Лукас Пападимос со кое бара одржување средба што е можно побрзо.
,,Дозволете ми со овој допис да ја реафирмирам потребата за средба со Вас, при што и да ја изразам мојата подготвеност да дојдам во Атина, Република Грција или Вие да дојдете во Скопје, Република Македонија, или пак да се сретнеме на кое било друго место, каде Вам Ви одговара, и тоа што е можно побрзо, за да разговараме за развојот на нашите билатерални односи и за контекстот на европските и евроатлантските интеграции на мојата земја, подвлекува во својот допис премиерот Груевски, додавајќи: ,,Дозволете со ова писмо да изразам подготвеност и јасна и недвосмислена волја за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за спорот кој е отворен од вашата држава, а кој се однесува на името на мојата земја, истакнува во писмото македонскиот премиер.
XS
SM
MD
LG