Достапни линкови

МекФол: не промовирам револуција во Русија


Новиот амбасадор на САД во Русија Мајкл МекФол

Новиот амбасадор на САД во Русија Мајкл МекФол

Новиот амбасадор на САД во Русија Мајкл МекФол ги отфрли како бесмислени наводите на државната телевизија и на неколкумина членови на владејачката партија Обединета Русија дека бил испратен во Москва за да промовира револуција. Тој во интервју за весникот Комерсант изјави дека има намера да ја продолжи политиката на администрацијата на претседателот Барак Обама на поголема соработка со Москва. Официјалните критики до МекФол се појавија откако тој се сретна со лидерите на невладиниоит сектор и на опозицијата во Русија на 17 јануари, како што се наведува, на вториот ден откако стапи на таа функција.
XS
SM
MD
LG