Достапни линкови

logo-print

Лагард: Банкрот на Грција е незамислив


Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард

Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард

Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард изјави дека е незамислив банкрот на Грција и оти мора да се постигне договор со банките. Изјавата на Лагард доаѓа во ситуација на пролонгирање на преговорите меѓу Атина и приватните кредитори за отпишување на дел од грчкиот долг. ,,Целта е Грција да се врати на прифатливо ниво на долгот, барем на среден рок,, рече Лагард, наведувајќи дека не се сомнева во политичката волја на европските лидери за зачувување на еврозоната. ЕУ вчера повторно изрази силно незадоволство кон Грција и се закани дека ќе го запре нејзиното финансирање доколку не бидат спроведени ветените економски реформи.
XS
SM
MD
LG