Достапни линкови

"State of the Union" обраќање на Обама


Годишно обраќање на Барак Обама во Конгресот

Годишно обраќање на Барак Обама во Конгресот

Американскиот претседател Барак Обама во своето “State of the Union” обраќање ги истакна скромните, но растечки економски успеси дома и вети дека ќе работи со меѓународните партнери на промоција на еднаквоста и борбата против тероризмот и другите закани за безбедноста во светот. Обама во своето последно вакво обраќање пред ноемвриските претседателски избори, кое беше пред двата дома на Конгресот и со директен телевизиски пренос, го потенцира отворањето нови работни места во земјата.
Во говорот тој потсети на американските успеси, како што се убиството на лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен и помагањето во јакнењето на санкциите спрема Иран поради неговата спорна нуклеарна програма. Во другите делови на обраќањето Обама се осврна на некои области кои ќе бидат дел и од неговата предизборна кампања, како што се данокот за богатите, образованието и намалувањето на националниот дефицит.
XS
SM
MD
LG