Достапни линкови

Една година од почетокот на бунтот во Египет


Хусеин Тантави

Хусеин Тантави

Египет денеска ја одбележува првата годишнина од почетокот на бунтот во кој на 11 февруари минатата година беше соборен претседетелот Хосни Мубарак. Воените лидери, кои се наоѓаат на власт, изјавија дека денеска ќе го укинат повеќедеценискиот закон за вонредна состојба во земјата, освен во случаите на разбојништво.
Фелдмаршалот Хусеин Тантави, меѓутоа, во своето телевизиско обраќање, не објасни што конкретно ќе значи тоа. Претставници на умерената исламистичка партија Васат сметаат дека не станува збор за вистинско укинување на вонредната состојба.
Египет од 1967 година се наоѓа континуирано под вонреден закон, кој им овозможуваше на досегашните властодршци да имаат неограничени овластувања.
XS
SM
MD
LG