Достапни линкови

Сирија прифати продолжување на мандатот на посматрачката мисија


Сирија се согласила на продолжување на мандатот на посматрачката мисија на Арапската лига во оваа земја за еден месец. Сириската агенција САНА јави дека министерот за надворешни работи Валид Муалем испратил писмо до генералниот секретар на Лигата, во кое го информира за продолжување на мандатот до 23 февруари.
Раководството на Арапската лига испрати детали до Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, околу нивниот план за политичко решение во Сирија. Во него се бара состанок во седиштето на Светската организација, на кој Советот за безбедност би бил информиран за планот. Државите од Арапскиот залив вчера најавија дека ќе се повлечат од посматрачката мисија во Сирија.
XS
SM
MD
LG