Достапни линкови

Словенија: постигнат договор за нова влада на чело со Јанша


Јанез Јанша

Јанез Јанша

Пет словенечки парламентарни партии денеска ќе потпишат коалициски договор за нова влада и за нејзин мандатар ќе го предложат Јанез Јанша. Очекувам дека сите партии ќе го потпишат и ќе го почитуваат договорот, рече Јанша, додавајќи оти се надева дека коалицијата ќе успее и тој ќе биде избран за премиер на вонредната седница на парламентот в сабота.
Партиите кои имаат намера да влезат во коалиција која би била предводена од Јанша, во 90-члениот парламент заедно имаат 50 пратеници.
XS
SM
MD
LG