Достапни линкови

logo-print

Усвоена предлог-резолуцијата за напредокот на Македонија


Европскиот парламент.

Европскиот парламент.

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент денеска ја усвои финалната веризија на предлог-резолуцијата за напредокот на Македонија. Европратениците направија околу 60 амандмански промени.

Во резолуцијата, чија официјална верзија се уште не е изготвена со оглед на големите промени на неа, пренесува Дојче веле, останува препораката формулирана од британскиот парламентарец Ричард Ховит со која се повторува повикот до Советот на ЕУ во најкраток рок да утврди датум за почеток на преговори за прием на Македонија.

Воедно се подвлекува и важноста да се поддржат напорите во процесот на европската интеграција на земјата, за што европратениците предлагаат да се премине во нова етапа, со започнување на процесот на хармонизација на македонското законодавство со европското и спроведување на втората фаза од процесот за стабилизација и асоцијација.
XS
SM
MD
LG