Достапни линкови

Кривична пријава за стружанецот што го запали македонското знаме


Илустрација, архивска фотографија.

Илустрација, архивска фотографија.

Полицијата поднесе пријава против човекот што вчера во Струга го запали македонското знаме. Поради постоење на основи на сомнение дека го сторил кривичното дело „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против Минир Исмаили (47) од струшкото село Шум.

Пријавениот вчера, околу 14 часот, пред зградата на локалната самоуправа во Струга, го запалил државното знаме на Македонија по што избегал. Претходно, го купил знамето од книжара во струшката чаршија.
XS
SM
MD
LG