Достапни линкови

Нема зима за земјоделците во полошко


Земјоделски посеви во тетовско.
Земјоделски посеви во тетовско.

Снегот нема да им наштети на земјоделските посеви во полошко, напротив, ќе има благопријатно дејство врз она што земјоделците го посеале на есен, велат експертите.

Нема место за грижи за земјоделците во полошко кога станува збор за временските прилики во регионот. Според земјоделските стручњаци временските услови немаат лошо влијание на есенските посеви, односно житните и фуражните култури. Врнежите од снег се добредојдени и мошне поволно се одразуваат врз есенските посеви.
Сосотјбата е многу подобрена во однос на измрзнување или во однос на спуштање на ниски утрински температури, кои можеа да доведат до уништување на есенските посеви. Овој добредојден снег делува благопријатно на сите есенски култури како за житните така и за фуражните.
Бранко Карапејоски, Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.

Тие придонесуваат благопријатно и за создавање на потребните количини влага во почвата. Во овој период од годината е потребно и нивно прихранување со соодветни вештачки ѓубрива, смета советникот по полјоделство, Бранко Карапејоски од агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството - Битола, регионален центар и работна единица Тетово.

„Состојбата е многу подобрена во однос на измрзнување или во однос на спуштање на ниски утрински температури, кои можеа да доведат до уништување на есенските посеви. Овој добредојден снег делува благопријатно на сите есенски култури како за житните така и за фуражните.“

Бранко Карапејоски
Бранко Карапејоски
Поволното влијание на снегот е во тоа што тој делува како еден вид на заштитен покривач под кој се одржува температура од околу нула степени, кој од своја страна го заштитуваат посевот од измрзнување. Но што се случува, со посевите кога утринските температури се спуштаат повеќе од 10 степени под нулата. При такви временски услови уништување им се заканува само на посевите кои се во фаза на никнење, потенцира Карапејоски.

„Снежните наноси делуваат благопријатно и ако изолатор од ниските температури во утринските часови и како потенцијална влажност која сукцесивно ќе се инкорпорира во почвата и благопријатно ќе делува во вегетативниот процес.“

Временските прилики, доволните количини влага и навременото прихранување на есенските житни посеви,се дел од потребните предуслови, кои отсега ветуваат богат и квалитетен род на лебното жито годинава во полошко.
XS
SM
MD
LG