Достапни линкови

logo-print

Кристиан Даконеску - предлог за нов шеф на романската дипломатија


Романскиот премиер Емил Бок.

Романскиот премиер Емил Бок.

Романскиот премиер Емил Бок му поднесе денеска на шефот на државата Трајан Басеску предлог за именување на Кристиан Даконеску на функцијата министер за надворешни работи, се наведува во соопштението од Владата. Бок, на вчерашната вонредна седница на Парламентот, изјави дека го сменил досегашниот министер Теодор Баконски поради неговите потсмевања и иронични шеги на сметка на демонстрантите во последните 11 дена во Романија. Даконеску е лидер на партијата Национален сојуз за прогрес на Романија, која ја поддржува владејачката коалиција, а моментално е потпретседател на Сенатот.
XS
SM
MD
LG