Достапни линкови

Народните избраници не се по мерка на граѓаните


Граѓаните се незадоволни од работата на народните избраници. Немањето кворум, неодговорноста, тоа што си ја покачија платата во време на криза, се само дел од забелешките.

Пратениците се народни избраници кои треба да бидат на работното место со цел професионално да ги извршуваат задачите со кои се платени од народни пари, велат упатените, откако на зачести појавата да се прекинуваат активности во домот на демократијата поради немање кворум.
Па не сум баш задоволен, слаба е редовноста, слаба одговорност, мислам декa тие пари што ги зeмаат не ги заслужуваат.
Анкетиран граѓанин.

Нередовноста на пратениците е една од главните забелешки на граѓаните кои ги анкетиравме.

„Јас лично не сум задоволна, за да си ја заработат платата треба да си бидат секојдневно на работа, а не да имаат отсуства дали се оправдани, дали не, треба да си ја вршат работата.“

Отворен ден во македонското Собрание, граѓани во парламентот
Отворен ден во македонското Собрание, граѓани во парламентот
​„Па не сум баш задоволен, слаба е редовноста, слаба одговорност, мислам декa тие пари што ги зeмаат не ги заслужуваат.“

Дарко Алексов од Граѓанската асоцијација „Мост“ одговара на прашањето зошто на обичниот човек треба да му е важно како и колку работат пратениците?

„Клучно е граѓаните да бидат
Клучно е граѓаните да бидат заинтересирани и да ги следат они на кои им ја дале довербата, пред се поради фактот дека тие се платени од парите на државните обрзници во РМ, што би се рекло скоро од секој граѓанин во државата.
Дарко Алексов, МОСТ.
заинтересирани и да ги следат они на кои им ја дале довербата, пред се поради фактот дека тие се платени од парите на државните обрзници во РМ, што би се рекло скоро од секој граѓанин во државата.“

Професор Здравко Савески потсетува дека иницијативата за зголемување на платите на функционерите следеше по ускратувањето на дел од расходите од народната каса за дел од граѓаните

„Ако во една држава нема доволно пари во криза и се одлучуваат пратениците да гласаат за намалување на социјалните придонеси во една земја, тогаш тие не смеат да си дозволат да побараат зголемување на своите плати.“

Вината не е само кај пратениците, вели извршниот директор на „Мост“, Алексов:

„Мора да бидеме малку самокритични и да кажеме дека и граѓаните недоволно обрнуваат внимание на тоа како нивните избраници работат.“

Последниот извештај „Мојот Пратеник“ достапен на интернет страницата на Македонското Собрание датира од декември 2010 година. Веќе една година јавноста нема непосреден увид во редовноста на пратениците, еден од елементите кои се наведуваат во извештајот.
XS
SM
MD
LG