Достапни линкови

Приведени тројца полицајци за убиства на демонстранти во Албанија


Туркање меѓу полицијата и опозициски пратеници пред зградата на Државната изборна комисија во Тирана на 18 мај 2011 година.

Туркање меѓу полицијата и опозициски пратеници пред зградата на Државната изборна комисија во Тирана на 18 мај 2011 година.

Албанските власти со задоцнување од речиси една година притворија тројца припадници на безбедносните служби под сомнение дека се одговорни за убиство на четворица демонстранти, припадници на опозицијата, за време на протестите пред зградата на владата во Тирана.

Во домашен притвор е Ндреа Пренди, шеф на Албанската републиканска гарда, која е задолжена за безбедноста на владините функционери. Тој е осомничен дека пукал врз еден демонстрант, изјави јавната обвинителка Ина Рама, која потврди дека во истрагата учествувал и ФБИ.

Освен Пренди, во притвор се уште две лица кои му помогнале во извршување на нападот рз демонстрантите, како и за прикривање на доказите за убиствата. Претходно е уапсен уште еден припадник на Републиканската гарда, кој исто така е осомничен за убиство на еден демонстрант, но судењето се уште не е почнато.

Минатогодишното крвопролевање во Тирана дополнително ги заостри односите меѓу владата и опозицијата, која се уште не ги признава резултатите од парламентарните избори одржани во 2009-та година. Социјалистите на Еди Рама тврдат дека Бериша дошол на власт благодарение на украдени гласови што од владата остро го демантираат.
XS
SM
MD
LG