Достапни линкови

Изложба Акварели во чест на Љубомир Белогаски


Уметничка слика на сликарот Војко Јаневски.

Уметничка слика на сликарот Војко Јаневски.

Со последната, седма по ред, изложба АКВАРЕЛИ ВО ЧЕСТ НА ЉУБОМИР БЕЛОГАСКИ на авторот Војко Јаневски од Велес, што ќе биде отворена утревечер во Музеј на град Скопје, завршува циклусот посветен на 100 годишнината од раѓањето на големиот македонски мајстор на акварелот и хуманист и 20 годишнината од формирањето на Галеријата „Љубомир Белогаски“.

20 акварели работени во последнава деценија ќе бидат претставени на изложбата на уметникот Војко Јаневски од Велес што до 25 февруари годинава ќе се одржува во Галеријата „Љубомир Белогаски“ во Музеј на град Скопје. Оваа постановка е седмата и последна во серијата со која се одбележуваат 100 години од раѓањето на Белогаски и 20 од формирањето на Галеријата што го носи неговото име.
Јас имам многу работи, имам за три изложби да организирам во овој момент, но со мојата пензија не можам да ги реализирам тие изложби. Општата сиромаштија го прави своето, не се купуваат уметнички дела и така, јас и понатаму ќе продолжам да работам па ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

Акварелите на Јаневски зрачат со засебност и оригиналност. Тој слика пејзажи од околина каде што живее, поточно од Велес и од езерото Младост и во сите се забележува ракописот на сигурната рака и око на овој автор.

Инаку за оние од актуелната изложба уметникот вели дека по прв пат им ги претставува на љубителите на уметноста и дека тие се само мал дел од она што катадневно настанува во неговото атеље.

„Јас имам многу работи, имам за три изложби да организирам во овој момент, но со мојата пензија не можам да ги реализирам тие изложби. Општата сиромаштија го прави своето, не се купуваат Уметникот Јаневски со сопругата

Уметникот Јаневски со сопругата

уметнички дела и така, јас и понатаму ќе продолжам да работам па ќе видиме како ќе се одвиваат работите.“

Војко Јаневски е роден 1940 година во Грнчиште, Велешко. Академија за ликовни уметности, вајарски отсек, завршил во Загреб во класата на професор Вања Радуш во 1968 година. Бил член на Друштвото на
Во рамките на одблежување на овие два јубилени, беа презентирани шест самостојни изложби, со овие изложби се популаризира и акварелот како ликовна дисциплина.
ликовни уметници на Хрватска, а потем и на ДЛУМ и Друштвото на ликовни уметници за применета уметност на Македонија, а досега има реализирано над 20 самостојни и повеќе од 200 групни изложби во земјава и во странство и добитник е на врвни награди и признанија за скулптура, керамика, цртеж и дизајн на порцелан.

Инаку, со оваа постановка, што наскоро ќе ја види и публиката во Велес, практично се завршува циклусот со кој во знак на сеќавање на Белогаски, врвниот мајстор на акварелот и хуманист кој дел од своите дела и ги остави на ликовната ризница на нашата култура, беа организирани повеќе самостојни изложби на реномирани македонски уметници кои што го негуваат овој израз.

За целата акција, Дора Андова, виш кустос во Музеј на град Скопје, со потсетување:

„Во рамките на одблежување на овие два јубилеи беа презентирани шест самостојни изложби, со овие изложби се популаризира и акварелот како ликовна дисциплина.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG