Достапни линкови

Ердоган - Франција донесе расистички закон


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека законот што го усвои францускиот Сенат, а според кој ќе се казнува негирање на геноцидот врз Ерменците за време на Отоманската Империја е расистички.

Зборувајќи пред членовите на неговата партија во Анкара, Ердоган рече дека „оние кои молчат и се индиферентни на развојот на расизмот и на дискриминацијата се виновни што не ги слушнале стапките на фашизмот во Европа“.

Тој повтори дека Турција ќе преземе нови мерки против Франција поради донесувањето на законот и оти нема да отстапи.
XS
SM
MD
LG