Достапни линкови

Почнува акцијата „Купи куќа, купи стан“


Прес-конференција по повод официјалниот почеток на владиниот проект „Купи куќа, купи стан“.
Прес-конференција по повод официјалниот почеток на владиниот проект „Купи куќа, купи стан“.

Владата ја промовираше акцијата „Купи куќа, купи стан“ преку која им нуди помош на потенцијалните купувачи. Дел од експертите се сомневаат во искрените намери на Владата да им помогне на социјалните слоеви. Владата најавува рамноправна селекција.

Од утре па до 1 март, граѓаните ќе можат да аплицираат за два вида субвенциониран кредит, за изградба на куќа или стан. Владата ја промовираше акцијата „Купи куќа, купи стан“ преку која нуди два начина за да им помогне на потенцијалните купувачи.
Има практично можност преку електронски софтвер да се даде предност на граѓаните што имаат помали плати и што бараат помали кредити, тоа се факторите што ќе бидат клучни.
Зоран Ставрески, министер за финансии.


Со првиот модел е предвидено Владата да плаќа половина од месечната рата во првите пет години, а вториот овозможува државата да плати 50 проценти од учеството во кредитот за купување стан или изградба на куќа. Владата очекува 2.500 апликанти, но доколку бројот на заинтересираните за кредит биде поголем соопштуваат дека селекцијата ќе биде рамноправна.

„Има практично можност преку електронски софтвер да се даде
предност на граѓаните што имаат помали плати и што бараат помали кредити, тоа се факторите што ќе бидат клучни“, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески.

Во моментот има доволен број на станови, но доколку се појави недостиг, тоа ќе значи стимулирање на градежната индустрија да се
Би апелирал до градоначалниците да овозможат што е можно повеќе плацеви, односно локации со правење на детални урбанистички плaнови за да им сe овозможи на што поголем број граѓани да изградат куќа.
Никола Груевски, премиер.

изградат повеќе, велат од Владата.

Премиерот Никола Груевски апелираше до градоначалниците да побараат исцртување на детални урбанистички планови кои ќе предвидуваат повеќе простор за изградба на куќи.

„Би апелирал до градоначалниците да овозможат што е можно повеќе плацеви, односно локации со правење на детални урбанистички плaнови за да им сe овозможи на што поголем број граѓани да изградат куќа во рамките на овие средства со кои ќе располагаат.“

Дел од експертите се сомневаат во искрените намери на Владата да им помогне на социјалните слоеви.


Професор Ванчо Узунов, кој е член на Економско-социјалниот совет на СДСМ вели дека проектот не е наменет на најранливите категории оти критериумите не ги таргетираат сиромашните. Многу веројатни се малверзации околу тоа кој ќе ги добие кредитите, а на долг рок ваквата акција ќе предизвика големи економски пореметувања,
Владата не третира како недоветни, ние не сме граѓани што некој треба да не чести за да си купиме стан.
Ванчо Узунов, професор.

предупредува Узунов.

„Владата не третира како недоветни, ние не сме граѓани што некој треба да не чести за да си купиме стан. Како граѓанин јас барам владата да ми направи услови за да си заработам за толку за колку што сум способен, па ќе си купам, не еден, ќе си купам три стана почитувајќи ги сите закони и плаќајки ги сите даноци. Дај ми ги условите да заработам, а ова е социјализам од 48 година.“

Некои од условите за учество во проектот е кредитот да не биде повисок од 50.000 евра, рокот за отплата на кредитот не смее да е пократок од 20 години, каматната стапка на станбениот кредит не смее да биде поголема од 5 проценти во првите три години.

Еден од условите кои треба да ги исполнува кредитобарателот е заедничката месечна заработувачка со брачниот другар да не ја надминува сумата од 900 евра во денарска противредност. Барање за кредит се поднесува до деловната банка, која ја врши првичната селекција и ја проценува кредитната способност на барателот.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG