Достапни линкови

Трејси Ен Џејкобсон предложена за американска амбасадорка во Косово


Трејси Ен Џејкобсон.

Трејси Ен Џејкобсон.

Американскиот претседател Барак Обама планира да ја именува Трејси Ен Џејкобсон за нов амбасадор на САД во Приштина, на местото на Кристофер Дел, објавено е на интернет-страницата на Бела куќа.

Џејкобскон е дипломат од кариера во американскиот Стејт департмент и во моментот е на функцијата заменик-директор на Институтот за надворешни работи.

Таа беше амбасадор на САД во Таџикистан од 2006 до 2009 година, а во периодот 2000-2001 година беше шеф на мисијата на американската канцеларија во Приштина.
Дел претходно беше амбасадор во Зимбабве и во Ангола, а од јули 2007 до 30 јули 2009 година беше заменик шеф на мисијата на САД во Авганистан.
XS
SM
MD
LG