Достапни линкови

logo-print

Земјите од заливот се повлекуваат од набљудувачката мисија во Сирија


Архивска фотографија: Состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Советот за заливска соработка во Ријад.

Архивска фотографија: Состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Советот за заливска соработка во Ријад.

Арапските држави од Персискиот Залив објавија дека планираат да се повлечат од набљудувачката мисија на Арапската лига во Сирија. Не беше соопштено кога ќе се повлечат од мисијата.

На овој потег се гледа како на дополнително нарушување на кредибилитетот на мониторинг-мисијата во Сирија, за која критичарите велат дека не успеа да ги запре 10-месечните насилства во земјата.

Најавата од шесте членки на Советот за заливска соработка следи по одлуката на најголемата членка на Советот, Саудиска Арабија, да ги повлече набљудувачите од мисијата. Останати 5 членки на Советот се Бахреин, Кувајт, Катар, Оман и Обединетите Арапски Емирати.
XS
SM
MD
LG