Достапни линкови

Попоски се сретна со еврокомесарите Филе и Малстром


Eврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Eврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски синоќа во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување Штефан Филе и со комесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром, соопшти МНР.

На средбата со комесарот Филе на која учествуваше и вицепремиерката Теута Арифи, како што соопштува Министерството, беа разменети мислења за претстојниот Пристапен дијалог на високо ниво меѓу македонската влада и Европската комисија.

При тоа, беше истакната заемна заложба фокусот на дијалогот да биде ставен на следење на реализацијата на реформите во клучните области на правосудството, јавната администрација, медиумите, борбата против корупцијата, како и спроведувањето на економските критериуми за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG