Достапни линкови

Уапсен професор-митаџија од Државниот универзитет во Тетово


Илустрација.

Илустрација.

Професор од Филозофскиот факултет на Државниот универзитет во Тетово е приведен под сомнение дека ја злоупотребил службената должност и примил поткуп. Осомничениот 39-годишeн професор деновиве од четворица студенти побарал по 1.500 денари да им организира, односно изведе дополнителна настава, наводно за полесно да го положат предметот што го предавал. Случајот го пријавил еден од студентите кој на професорот потоа му дал обележани пари. При претресот, банкнотите се пронајдени во џебот од панталоните каде имало и други пари добиени од студенти за истата цел. Од полицијата информираат дека уапсениот денеска ќе биде изведен пред истражен судија во Основниот суд во Тетово.
XS
SM
MD
LG