Достапни линкови

logo-print

„Купи куќа, купи стан“ за партиски поени


Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Акцијата „Купи куќа, купи стан“ отвора можности за малверзации, велат дел од економистите. Владата не треба да чести станови, туку да создаде услови луѓето да си заработат за стан, велат тие.

Дали навистина е полесно да дојдете до свој дом преку акцијата „Купи куќа, купи стан“? Дел од експертите се сомневаат во искрените намери на Владата да им помогне на социјалните слоеви. Професорот Ванчо Узунов, кој е член на Економско-социјалниот совет на СДСМ, вели дека проектот не е наменет за најранливите категори и оти критеримуите не ги таргетираат сиромашните. Многу веројатни се малверзации околу тоа кој ќе ги добие кредитите, а на долг рок ваквата акција ќе предизвика големи економски пореметувања, предупредува Узунов.
Таа како таква на Владата и носи поени значи и носи поени од гласачи и подржувачи, а Владата не третира како недоветни, ние не сме граѓани што некој треба да не части за да си купиме стан. Како граѓанин јас барам владата да ми направи услови за да си заработам за толку за колку што сум способен, па ќе си купам не еден , ќе си купам три стана почитувајќи ги сите закони и плаќајки ги сите даноци.

„Тие според критериумите за ова учество за поволно купување стан воопшто не се посебно таргетирани како група, туку влегуваат со сите други кои што се многу над тие прилики над таа статистичка линија на сиромаштија“, изјави Узунов.

Ако се работи за кредит за купување на стан, продажната цена со пресметан ДДВ не смее да надминува 900 евра за квадратен метар. Тоа, вели Узунов, значи мешање во пазарот на недвижности. Според него, ова е уште една од низата популистички мерки на Владата.

„Таа како таква на Владата и носи поени, значи и носи поени од гласачи и подржувачи, а Владата не третира како недоветни, ние не сме граѓани што некој треба да не чести за да си купиме стан. Како граѓанин јас барам владата да ми направи услови за да си заработам за толку за колку што сум способен, па ќе си купам, не еден, ќе си купам три стана почитувајќи ги сите закони и плаќајки ги сите даноци. Дај ми ги условите да заработам, а ова е социјализам од 48 година.“

Дека ваквата акција ќе овозможи заживување на градежната индустрија се сомнева првиот човек синдикатот на градежни работници, Никола Велковски. Секој продаден стан е можност за проширување на градежните активности, но прашање е колку потенцијални купувачи ќе можат
Секогаш апалериаме до Владата да поредовно ги сервисира своите долгови.

да ги задоволат бараните критериуми. Велковски предупредува и на опасноста од задоцнета наплата од страна на државата и апелира до Владата навремено да ги сервисира своите долгови во градежништвото.

„Секогаш апелираме до Владата да поредовно ги сервисира своите долгови, затоа што тој обрт на купување на опрема, на вградување на опрема, градежни матријали, се побргу ќе оди тој круг, се побргу ќе се затвара меѓу нас.“

Од 1 јануари годинава, граѓаните кои немаат сопствен дом ќе може да аплицираат за два вида субвенциониран кредит, за изградба на куќа или стан. Со првиот проект е предвидено Владата да плаќа половина од месечната рата во првите пет години, а вториот проект овозможува државата да плати 50 проценти од учеството во кредитот за купување стан или изградба на куќа.

Некои од условите се кредитот да не биде повисок од 50.000 евра, рокот за отплата на кредитот не смее да е пократок од 20 години, каматната стапка на станбениот кредит не смее да биде поголема од 5 проценти во првите три години и други.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG