Достапни линкови

Бомбашки напади против шиитите во Багдад


Шиитскиот кварт Садр во Багдад

Шиитскиот кварт Садр во Багдад

Најмалку 13 луѓе загинале, а 70 се повредени во бомбашки напади во Багдад. Цел на најмалку 4 бомби били шиитите во областа Садр во ирачкиот главен град. Првата експлозија се случила во близина на место каде се собираат работници кои чекаат за работа а втората експлозија одекнала во близина на една раскрсница. Подоцна одекнале експлозии од уште два автомобила бомби.
Во Ирак се стравува дека политичката криза меѓу владата предводена од шиитите и од друга страна сунитскиот блок води кон нови верски судири во земјата.
XS
SM
MD
LG