Достапни линкови

Ховит - да се употребува референцата и придавката „македонски“


Ричард Ховит -

Ричард Ховит -

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент денеска треба да гласа за нацрт резолуцијата за напредокот на Македонија откако на вчерашната дебата европратениците постигнаа компромисни решенија за амандманските измени во кои доминира барањето за брз почеток на преговорите со ЕУ.
Според предлагачот на резолуцијата Ричард Ховит, важно е да се каже дека статус кво не може повеќе да трае.
Истакнувањето на позитивните аспекти од напредокот на земјата, според Ховит, дозволува да се испратат и да бидат слушнати поостри критики и барања за продолжување на реформите во судството, слободата на печатот, децентрализацијата, дискриминацијата како и охрабрување за одржување на попис на населението, правата на малцинствата.
Британскиот европратеник посебно инсистираше на употребата на името на земјата во официјалните документи на ЕУ. Референцата е правна обврска која произлегува од ОН, Ховит го бранеше компромисот на Мешовитиот комитет од Скопје за употребата на придавката македонски за јазикот, културата, идентитетот, со што ЕП би признал дека нејзиното неупотребување предизвикало негативна рекација кај Македонците.
Ховит за ова доби силна поддршка од европратениците од Словенија Јелко Кацин и Алојз Петрле.
XS
SM
MD
LG