Достапни линкови

Се очекува масовен синдикален протест во Романија


Букурешт 19 јануари 2012

Букурешт 19 јануари 2012

Над 10.000 синдикални членови се очекува денеска да учествуваат на протестен митинг на Плоштадот на слободата во Букурешт, пишува весникот „Романија Либера“.
Претставници на 16 синдикални федерации од областа на образованието, здравството и транспортот се очекува да се вклучат во денешниот протестен митинг, организиран од синдикатот на пензионираните воени кадри.
Меѓу федерациите, кои ќе учествуваат во протестот, се Федерација Санитас, Националната федерација на трудот, Федерацијата на синдикатите во правосудството, Сојузот на синдикатите во болниците, Синдикатот на младите учители и други.
XS
SM
MD
LG