Достапни линкови

logo-print

Американски маринец виновен за смртта на цивили во Ирак


Наредникот Френк Вутерич

Наредникот Френк Вутерич

Наредник на американските маринци се изјасни за виновен за занемарување на службената должност за време на еден инцидент од 2005 година во Ирак, во кој загинаа 24 Ирачани. Наредникот Френк Вутерич се изјасни за виновен за време на постапката, со што заврши најголемиот кривичен предмет против американски војник за војната во Ирак. Вутерич се соочува со три месеци затвор. Во тој период нема да прима плата и ќе биде деградиран во обичен војник. Во постапката првично беа обвинети 8 маринци. Обвинителите рекоа дека тој изгубил контрола откако негов пријател загинал во експлозија на мина и го предводел својот тим во акција во две куќи во градот Хадита. Меѓу убиените имало деца, жени и старци. Вутерич тврди дека дејствувал согласно воените правила.
XS
SM
MD
LG