Достапни линкови

Печат: Москва и продава борбени авиони на Сирија


Рускиот весник Комерсант објави дека Москва потпишала договор за продажба на борбени авиони на Сирија, потег што отворено се спротивставува на западните санкции против владата на претседателот Башар ал-Асад. Како што пишува весникот, договорот за продажба на авионите е вреден 550 милиони долари. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд изјави дека ако извештаите се точни, тогаш тоа е загрижувачки. Таа изјави дека сите земји кои тргуваат со оружје со Сирија, треба да размислат, бидејќи истото може да се употреби против невини луѓе. Обединетите нации соопштија дека најмалку 5.400 луѓе се убиени од почетокот на протестите против Асад, кои избија во март минатата година.
XS
SM
MD
LG