Достапни линкови

Израелски напади во појасот Газа


Израелска армија

Израелска армија

Израелски авиони во текот на ноќта извршиле напади врз цели во појасот Газа во знак на одмазда за неодамнешните ракетни напади против Израел. Израелската армија соопшти дека нападите биле насочени кон фабрика за оружје и три тунели кои се користат за шверц. Од армијата додаваат дека сите цели биле погодени. При нападите во појасот Газа, овој месец, има најмалку седум повредени, но нема извештаи за жртви или материјална штета.
XS
SM
MD
LG