Достапни линкови

Одржан осмиот состанок Македонија-ЕУ


Министерот Никола Попоски со членовите на мешовитиот комитет ЕУ-Македонија. Јорго Шацимаркакисм Ричард Ховит и Никола Попоски, Скопје, 2011.

Министерот Никола Попоски со членовите на мешовитиот комитет ЕУ-Македонија. Јорго Шацимаркакисм Ричард Ховит и Никола Попоски, Скопје, 2011.

Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ вчера го одржа осмиот состанок со кој претседаваше македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. На состанокот биле нотирани заклучоците од Советот на ЕУ од 5 декември 2011 година, соопшти македонското МНР.

Во соопштението се наведува дека Советот бил известен за реформите кои ги прави Владата во клучните области на судството, јавната администрацијата, борбата против корупцијата, медиумите, економските реформи.

На состанокот станало збор и за безвизниот режим, за изборите од минатата година, реформите, Охридскиот рамковен договор, декадата на Ромите, корупцијата, финасирањето на политичките партии, економијата.

ЕУ ја изрази загриженоста во врска со слободата на изразување во медиумите. Во овој контекст, Советот го поздрави дијалогот меѓу Владата и медиумите насочен кон делотворно справување со предизвиците како што се подобрување на законодавната рамка, рекламирањето од страна на Владата, јавниот дифузен сервис, професионалните стандарди во медиумите и декриминализација на делото клевета, се вели во соопштението.
XS
SM
MD
LG