Достапни линкови

logo-print

Македонија не дозволи пресврт од Полска


Претседателот Ѓорге Иванов им ја честита победата на ракометарите, кои во Белград ја совладаа Полска со 27-25 на ЕП во Србија.

Претседателот Ѓорге Иванов им ја честита победата на ракометарите, кои во Белград ја совладаа Полска со 27-25 на ЕП во Србија.

Голманот Борко Ристовски го затвори голот за Полјаците и со 19 одбрани беше можеби најзаслужен за победата од 27-25.

Македонската машка ракометна репрезентација ја совлада Полска со 27-25 во вториот натпревар од втората фаза на ЕП во Србија, што се играше во Белград. Голманот Борко Ристовски „стави капак“ на македонскиот гол и го заврши мечот со 19 одбрани од 44 удари.
Натпреварот во Белград го следеше и претседателот Ѓорге Иванов.

Натпреварот во Белград го следеше и претседателот Ѓорге Иванов.


Најефикасен во нашиот состав беше капитенот Кире Лазаров со 9 голови. Стевче Алушовски, Владимир Темелков и Наумче Мојсовски дадоа по 4 гола.
Србија веќе обезбеди пласман во полуфиналето. Со победа против домаќинот в среда, Македонија се уште има теоретски шанси за пласман во полуфинале, но тоа ќе зависи од резултатите на другите натпревари во групата.

Во полскиот тим, најефикасен беше Бартош Јурецки со 5 гола.

Македонија водеше во текот на целиот натпревар. Полувремето заврши 18–12 за македонскиот тим. Меѓу 35 и 40 минута, Полјаците успеаја да го намалат водството на Македонија на само три разлика на 20-17, но македонските ракометари повторно се вратија во игра.

Полјаците имаа уште еден налет во последните 10 минути, но успеаја да стигнат само до -2 гола. Македонските ракометари не дозволија повторување на мечот со Данска, каде што натпреварот беше изгубен во последните минути, иако на моменти Македонија водеше и со 6 разлика.

Натпреварот во белградска Арена го следеа неколку илјади македонски навивачи, меѓу кои и оние 1.000 кои добија бесплатни билети и железнички превоз од владата. Денешниот натпревар во Белград го следеше и претседателот Ѓорге Иванов.

Во групата I што се игра во Белград, освен Македонија и Полска, Данска вечерва ја совлада Германија 28-26, a Србија тукушто ја победи Шведска.

По завршувањето на второто коло, распоред на табелата е следниов:

Место Репрезентација Одиграни натпревари Голови дадени/примени Гол разлика Бодови
1 Србија 4 91-82 +9 7
2 Германија 4 100-96 +4 5
3 Данска 4 109-109 0 4
4 Македонија 4 108-108 0 3
5 Полска 4 99-104 -5 3
6 Шведска 4 100-108 -8 2

Србија веќе обезбеди пласман во полуфиналето. Со победа против домаќинот в среда, Македонија се уште има теоретски шанси за пласман во полуфинале, но тоа ќе зависи од резултатите на другите натпревари во групата.

Во последното коло в среда, Македонија игра со домаќинот Србија, Полска игра со Германија, а Данска со Шведска.

Најдобрите две репрезентации одат во полуфиналето, а останатите ќе играат за пласман од 5 до 21 место.

Европското првенство за мажи-2012 година е десетти европски шампионат во ракомет. Првенството во Србија ќе трае до 29 јануари.

Избраниците на селекторот Ѕвонко Шундовски пред заминувањето во Ниш изјавија дека се максимално подготвени и мотивирани за стартот на големото натпреварување.

На Светското првенство кое во 2009 година се одигра во Хрватска, македонските ракометари го завршија на 11-то место. Актуелен светски и европски шампион во ракомет е репрезентацијата на Франција.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG