Достапни линкови

logo-print

Сите се гласни, а никој не ја решава аферата Телеком


Аферата Телеком да се расветли. Наместо жестока полемика меѓу партиите, за случајот да се заангажираат надлежните и да се најдат виновниците, советуваат аналитичарите.

Инстутуциите не треба да се откажуваат од натамошната постапка за поведување одговорност во случајот на Телеком сметаат експертите. Профeсор Осман Кадриу истакнува дека би било неодговорно оваа афера да остане нерасветелена. Според него, откажувањето од постапката би можела да предизвика сомневања дека партиите немаат интерес за расчистување на скандалот со Дојче Телеком и Маѓар Телеком поврзан со македонски политичари во периодот 2005-2006-та година.
Сметам дека на прво место тука е одговорноста на државните органи за прогон, полиција, обвинителство, суд, а прашањето на кое инсистираат политичките партии, според мене е една фарса за да се утврди нешто за кои и самите не сакаат да се утврди и пак ќе остане како што другите појави остануваат нерасчистени, и без постапки за одговорности.

„Сметам дека по се изгледа немаат интерес да се расветли, затоа што ако се утврди во целост состојбата, може да се утврди и евентуално нивната инволвираност на поединци од тие партии во таквите девијации.“

Наводите, од партиска говорница побара да се проверат, и од опозициската СДСМ. Меѓутоа никој засега не јави дека ќе преземат конкретни обвиненија пред институциите. СДСМ побара надлежните иституции да профукнционираат.

„Случајот не може да го расчистуваат политички партии, треба да го расчистуваат државните институции кои се задолжени за таа работа по службена должност, тоа се Министерствто за внатрешни работи и Јавното обвинителство“, изјави Андреј Петров од СДСМ.

Во МВР рекоа дека не може да се каже кој учествувал во скандалот зашто дел од осомничените се недостапни за македонските правосудни органи. Проблемот на корупцијата така се доведува до парадокс. Од една страна, полемиката од партиските говорници добива на интензитет, од друга никој не излегува во јавноста да се преземат конкретни мерки.

„Сметам дека на прво место тука е одговорноста на државните органи за прогон, полиција, обвинителство, суд, а прашањето на кое инсистираат политичките партии, според мене е една фарса за да се утврди нешто за кои и самите не сакаат да се утврди и пак ќе остане како што другите појави остануваат нерасчистени, и без постапки за одговорности“, вели Кадриу.

Во Црна Гора за сличен скандал веќе е почната истрага, а се најавува и парламентарна истрага.

ВМРО-ДПМНЕ го повика СДСМ да каже кои се владините претствници кои се вмешани во криминалот со поткупувањето политичари со цел да му се овозможи бизнис и регулаторни бенефиции на Маѓар Телеком во 2005 и 2006. За СДСМ, пак, ова е уште еден обид власта да го забошоти скандалот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG