Достапни линкови

logo-print

Второто полугодие не почна секаде


Второто полугодие од учебната 2011/2012 почнало без проблеми, освен во подрачните училишта во три општини, претежно во западна Македонија, поради обилно наврнат снег и во две општини поради проблем со греење на училиштата, утврдила просветната инспекција.

Во две училишта наставата не почнала зашто биле без греење - во училиште во Студеничани немало нафта, а во училиште во општина Струга имало проблем со парното.
XS
SM
MD
LG