Достапни линкови

Евроамбасадорот Орав доаѓа во Скопје наредниот месец


Новоименуваниот амбасадор на Европската Унија во Македонија, естонскиот дипломат Аиво Орев.

Новоименуваниот амбасадор на Европската Унија во Македонија, естонскиот дипломат Аиво Орев.

Новоименуваниот амбасадор на Европската Унија во Македонија, естонскиот дипломат Аиво Орав се очекува во Скопје да пристигне на почетокот на февруари, објави МИА.

Амбасадорската функција, Орав ќе ја преземе пет месеци откако неговиот предходник Петер Соренсен беше преименуван за прв човек на ЕУ мисијата во Босна и Херцеговина во септември минатата година.

По неговото именување, високиот преставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија Катрин Ештон, во Брисел минатиот месец изјави оти е многу задоволна што на клучните позиции за европската надворешна политика се назначени силни и искусни кандидати.
XS
SM
MD
LG