Достапни линкови

Ќе има ли ноќни дежурства на матичните лекари во Куманово?


Проблемот со ноќните дежурства на приватните матични лекари во Куманово никако да се надмине. Лекарите најавуваат прекин на дежурствата, пациентите остануваат на цедило. И додека чекаат решение, лекарите се жалат дека никој не им плаќа за дополнителните дежурства.

Со укинувањето на ноќната амбуланта пред четири-пет години во Куманово и во останатите градови во државава, освен во Скопје, приватното и јавното здравство играат топло-ладно, а пациентите се во неизвесност.
Најавија дека нема да работат, но тие продолжија и ден денеска работат. Во соработката со Фондот и Министерството за здравство им се исплаќаат надоместоците и не е предизвикан никаков проблем.

И овој јануари како и претходниот приватните матични лекари запазувајќи го законскиот рок од еден месец, однапред најавија прекинување на нивните дежурства во Здравствениот дом, меѓутоа, со итната реакција на надлежните од Министерството за здравство пациентите не останаа без услуги. Дали и на кој начин целосно и трајно ќе биде надминат овој проблем, се уште е непознато.

За пациентите, пак, најважно е што матичните лекари ги извршуваат дежурствата.

Доктор Миодраг Панковски, директор на Здравствениот дом во Куманово, вели дека матичните лекари не престанале со работа.

Доктор Миодраг Панковски директор на Здравствениот дом во Куманово

Доктор Миодраг Панковски директор на Здравствениот дом во Куманово

„Најавија дека нема да работат, но тие продолжија и ден денеска работат. Во соработката со Фондот и Министерството за здравство им се исплаќаат надоместоците и не е предизвикан никаков проблем.“

РСЕ: Имаше реакции дека не се законски поткрепени нивните дежурства?

„Проблемот од јануари минатата година е надминат, со информација
Но,одговорноста на лекарите не е за занемарување. Ние сите сме фирми и по кој основ ние работиме во ординација која не е наша.
од Министерство и Фондот каде што стои дека Здравствен дом е должен да најде простор, опрема и ампуларна терапија без надоместок, а услугите ќе ги извршуваат приватните матични лекари, бидејќи Здравствениот дом не располага со потребен кадар. За сите други договори што се меѓу матичните лекари и Фондот и не би сакал да навлегувам, вели доктор Панковски.

Според доктор Зорица Јовановска, координатор на Здружението на приватните лекари во Куманово, со одлука на Здружението на приватните лекари на Македонија овој потег е укажување на надлежните да се свестат и законски да го регулираат ангажманот на матичните приватни лекари во просториите на јавното здравство. Доктор Јовановска објаснува дека од март до декември минатата година матичните лекари не добиле ниту денар за пружените услуги во Здравствен дом, а освен тоа Фондот за здравство на приватните лекари им должел надоместок од јули минатата година. Таа вели дека дежурствата биле времена мерка, лекарите прифатиле, со тоа што услугите требало да им бидат плаќани. За условите за работа во Здравствен дом, доктор Јовановска вели дека во овој случај тоа и не сака да го потенцира.

„Но, одговорноста на лекарите не е за занемарување. Ние сите сме фирми и по кој основ ние работиме во ординација која не е наша“, реагира Јовановска.

Доктор Панковски објаснува кога настанале овие компликации:

„Ноќата дежурна амбуланта беше укината и таа треба да биде вратена па потоа ние да поднесеме барање за обезбедување кадар.“

РСЕ: Колку лекари ви недостасуваат за ноќни дежурства?

„Кога би работеле со допуна на итна медицинска помош и да ја преземеме и ноќната амбуланта ни недостасуваат осум лекари.“

РСЕ: Има невработени лекари?

„Да“, вели доктор Панковски.

Недостаток од лекари во јавното здравство, како во Здравствениот дом така и во Општата болница во Куманово, е во рамките на штедењето на средствата, а на граѓаните на Куманово и соседните општини за добивање соодветни и навремени услуги во времето на сиромаштијата, како што иронично забележуваат кумановци, најдобар избор им е да го штедат здравјето.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG