Достапни линкови

Груевски - Работиме да се смени ситуацијата во спорот за името


Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски.

Максимално работиме за да се смени ситуацијата во спорот за името и Македонија да успее во напорите за влез во НАТО и да ги почне преговорите со Европската унија, иако тоа не е едноставно прашање, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

„Независно што постојано искажуваме незадоволство од она што се случува од страна на Грција, а имаме причина за тоа, затоа што тие избегнуваат средби и не сакаат решение за проблемот, ние сме максимално активни и работиме колку што е можно на сите полиња, од сите можни страни да придонесеме да се смени ситуацијата, Република Македонија да успее во напорите за влез во НАТО и почеток за преговорите со ЕУ, иако тоа не е едноставно прашање, бидејќи се работи за ситуација во која Грција е во ЕУ и НАТО и ги има сите права како член, вклучувајќо го и правото на вето“, изјави Груевски.
XS
SM
MD
LG