Достапни линкови

Хакери нападнаа полски владини интернет страници


Логото на хакерската група Анонимус.

Логото на хакерската група Анонимус.

Хакери што се претставуваат како „Полско подземје“(Polish Underground) „урнаа“ полски владини интернет страници во знак на протест против законите за антипиратерија. Во соопштението од полската влада се наведува дека „серверите биле исклучени и обезбедени“.

Хакерите протестираат против договорот да не се тргува со фалсификувана стока(АЦТА). Критичарите на договорот сметаат дека тоа може да доведе до цензура на интернет.

Во знак на протест против АЦТА, хакерската група Анонимус викендов ги нападна интернет страниците на полскиот претседател, премиер и на парламентот.
XS
SM
MD
LG