Достапни линкови

Ќе се сретнат вицепремиерите Теута Арифи и Теодорос Пангалос


Знамињата на Македонија и Грција. Автор: http://www.crossed-flag-pins.com.

Знамињата на Македонија и Грција. Автор: http://www.crossed-flag-pins.com.

Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи в среда во Атина ќе се сретне со грчкиот вицепремир Теодорос Пангалос. Во Секретаријатот за европски прашања потврдија дека Пангалос ја прифатил поканата за средба што му ја упати Арифи на почетокот на септември минатата година, пренесува МИА.

Се очекува Арифи и Пангалос да разговараат за билатералните односи, како и за очекувањата на Македонија за деблокирање на нејзината интерграција во НАТО и ЕУ, по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Средбата на Арифи со нејзиниот грчки колега ќе биде прв формален контакт меѓу владини претставници на двете земји по формирањето на привремената влада на национално единство на Грција.
XS
SM
MD
LG