Достапни линкови

Национализмот е вообичаена појава за навивачките групи и скандирања, но експертите повикуваат на смиреност и спортско навивање.

Навредите кои на етничка основа можеа да се слушнат на последните ракометни натпревари ги вознемирија припадниците на aлбанската етничка заедница. Уште еднаш, спортската еуфорија ја покажа и својата грда страна. Скандирањата на македонските навивачи со кои се навредуваат припадниците на албанската етничка заедница предизвикаа револт кај повеќето од нив.
Тоа не се само антиалбански скандирања, тоа се и антиевропски скандирања. Како утре ќе бидеме дел од Европа, кога уште се занимаваме со некои балкански работи, каде натпреварите се терен за да го извади некој својот гнев.

На социјалните мрежи и по медиумите се забележуваат дискусии кои укажуваат дека во земјава отсуствува меѓуетничка доверба. Во едно мултиетничко општество во кое има сиромаштија и земјата не напредува доволно кон евроатланските интеграции, се создава фрустрација која лесно може да предизвика меѓуетнички инцидент, велат дел од експертите.

„Тоа не се само антиалбански скандирања, тоа се и антиевропски скандирања. Како утре ќе бидеме дел од Европа, кога уште се занимаваме со некои балкански Македонските навивачи на ЕП во ракомет, Ниш, Србија

Македонските навивачи на ЕП во ракомет, Ниш, Србија

работи, каде натпреварите се терен за да го извади некој својот гнев“, изјави професор Арсим Синани.

Од институтот за политички истражувања велат дека национализмот е вообичаена појава за навивачките групи и скандирања. Навивањето е вентил за национализмот, а секој вид екстремизам на Балканот отсекогаш се поврзува со етничката димензија.
Веднаш не може да биде спречено. Тоа би требало со определена едукација, со една поширока социолошка расправа, без притоа да се меша политика.
Иако е тешко, треба да се најдат начини за нивно спречување, вели Владимир Божиновски од овој институт.

„Веднаш не може да биде спречено. Тоа би требало со определена едукација, со една поширока социолошка расправа, без притоа да се меша политика.“

Според експертите, навивачките групи кои се служат со навреди на национална основа треба да добијат и санкции. Порачуваат, денешниот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Полска да биде можност да се смират страстите и да се поправи сликата.

„Младите не треба да се учат во себе да држат национализам и тој национализма да го вметнуваат на спортските терени“, изјави Синани.

Според експертите, не е доволно само да се стави потпис на договор како Охридскиот рамковен за да се каже дека живееме во функционално општество. Градењето доверба треба да биде постојана задача на секое мултиетничко општество, велат тие.

Инаку, кон крајот на минатата година македонското знаме беше запалено на фудбалски натпревар во Качаник, на што пак претходеше говор на омраза на натпревар во Прилеп.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG