Достапни линкови

Неделен печат - Се тресеше шумата, се роди глувче


Македонско -грчките преговори за името, пораките од Рикер и Вевчанскиот карневаал по мерка на власта, теми за анализа во неделниците.

Фокус - Анализа на пораките од Рикер

„Се тресеше шумата, се роди глувче“, вака некако би звучела позната српска поговорка преведена на македонски со која би можело да се опишат случувањата околу последната рунда македонско-грчки преговори за името во Њујорк.
Филип Рикер очекува храброст од Никола Груевски, но Вашингтон не очекува каква и да е храброст од него. Кога велат храброст, Американците во моментов не ни помислуваат на Александар Големиот, кој бездруго е прв во умот на премиерот уште при споменот на „Х“ од храброст.

Па, и уводничарот на Фокус се обидува да ги анализира пораките од високиот американски функционер, до неодамна амбасадор на САД во земјава, Филип Рикер и однесувањето на македонскиот државно-политички врв како возвратна порака до Вашингтон.
На Вевчанскиот карневал симболично беше погребана Грција.

На Вевчанскиот карневал симболично беше погребана Грција.


„Филип Рикер очекува храброст од Никола Груевски“, пишува неделникот и продолжува: „Но Вашингтон не очекува каква и да е храброст од него. Кога велат храброст, Американците во моментов не ни помислуваат на Александар Големиот, кој бездруго е прв во умот на премиерот уште при споменот на „Х“ од храброст. На пастирската листа на јунаци, Глигоров не е ниту на последното место. Ако имал среќа да не е меѓу предавниците, тогаш сигурно е кај кукавиците кои на Македонија и' ја донесоа онаа „катастрофа“ од Времена спогодба. Истата, де, заради која Америка го смета за храбар човек!“, заклучува Фокус за да заврши со следново:

„Груевски нема сила да донесе каква и да е важна, а камоли храбра одлука. Сево ова го напишав колку да се знае дека сме доволно паметни за да го отфрлиме лудилото што тој се обидува да ни го продаде како јунаштво“.

Глобус - Вевчанскиот карневал по волја на власта

Глобус анализира зошто годинешниот карневал во Вевчани се свел на ’пијани невести‘, странски политичари и мајтап-погреб на Грција и палење на нејзиниот државен симбол - знамето. Па изведува наслов со следнава констатација: „Кога карневалот е по волја на власта“, за веднаш подолу да додаде дека е очигледно оти е совладано уште едно можно „бојно поле“ на критичка опсервација на власта. Вевчанци за оваа промена говорат шепливо и со страв, а неофицијално се зборува дека ланските карикирања на апсењето на Рамковски и затворањето на А1 добиле негативни оценки од таму каде што треба, па учесниците забелешките си ги врзале во крпче, наведува авторот на текстот. Како потврда на ова, Глобус забележува дека досега Вевчанскиот карневал никогаш немал официјално отворање со официјален говор на некој претставник од власта - оваа година, министерката за култура Канчевска-Милевска ја отвори традиционалната фешта во ова струшко село, позната, најнапред и најмногу, по саркастично-хумористичното исмевање на политичките гарнитури што се на власт во моментот кога се одржува карневалот. Државата, дури, и преку некоја агенција дала 30 илјади евра за да ја помогне манифестацијата. На тој начин, актуелната власт практично е организатор и ги презеде дизгините во свои раце, заклучува Глобус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG