Достапни линкови

logo-print

Мубарак се уште е претседател на Египет?!


Соборениот египетски претседател Хосни Мубарак го следи судењето од болнички кревет.

Соборениот египетски претседател Хосни Мубарак го следи судењето од болнички кревет.

Адвокатот на соборениот египетски претседател Хосни Мубарак ја заврши неговата одбрана, тврдејќи дека Мубарак треба да биде ослободен од обвинувањата бидејќи технички тој се уште е претседател на Египет. Адвокатот Фарид ел-Диб, за време на денешното завршно излагање, рече дека Мубарак има имунитет од кривично гонење, зашто формално никогаш не поднел остаква.

Адвокатите на убиените демонстранти, пак, извикуваа: „Егезекуција, егзекуција“.

Мубарак, кој поднесе оставка пред речиси една година, заедно со уште неколку луѓе, е обвинет за соучесништво во убивањето на демонстрантите за време на ланските протести во земјата. Ако биде осуден, тој се соочува со смртна казна.
XS
SM
MD
LG