Достапни линкови

Хаг го поздрави повторното апсење на српски воен злосторник


Главниот обвинител на Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија Серж Брамерц.

Главниот обвинител на Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија Серж Брамерц.

Главниот обвинител на Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија Серж Брамерц го поздрави повторното апсење на босанскиот Србин осуден за воени злосторства, Радован Станковиќ, кој избега од затвор во Босна пред 4 години. Станковиќ првично беше обвинет од Хашкиот суд. Откако силите на НАТО го уапсија во Босна во 2002 година, неговиот случај беше предаден на босанските судови каде што беше обвинет дека силувал и држел во ропство Муслиманки за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. Во мај 2007 година, само еден месец откако беше осуден на 20 години затвор, тој избега за време на лажна посета на забар.
XS
SM
MD
LG