Достапни линкови

Арапската лига расправа за извештајот на мониторинг мисијата во Сирија


Шефот на набљудувачката мисијата на Арапската лига во Сирија, суданскиот генерал Мохамед Ахмед Мустафа ал-Даби.

Шефот на набљудувачката мисијата на Арапската лига во Сирија, суданскиот генерал Мохамед Ахмед Мустафа ал-Даби.

Министрите за надворешни работи на Арапската лига во Каиро ги почнаа разговорите зад затворени врати, на кои треба да го чујат извештајот од жестоко критикуваната набљудувачка мисија во Сирија. Шефот на мисијата, суданскиот генерал Мохамед Ахмед Мустафа ал-Даби треба да го претстави извештајот и се очекува да побара зајакнување на мандатот на набљудувачите, а не прекин на мисијата.

Претставници на Лигата изјавија дека министрите веројатно ќе ја засилат мисијата и покрај критиките дека не успеала да стави крај на крвавото задушување на антивладините протести во земјата.
XS
SM
MD
LG