Достапни линкови

Заврши распустот, од утре на школо


По тринеделен зимски одмор, основците и средношколците утре ќе се вратат во училишните клупи за почетокот на второто полугодие од учебната 2011/2012 година.
Ќе имаат обврска во една од саботите во април да го одработат петокот(20 јануари), кој им беше додаден во распустот поради поларниот бран во некои општини.

Новина во второто полугодие е советувањето родители чии деца имаат 10 неоправдани или 100 оправдани изостаноци, три единици во период од три месеци или манифестираат насилно и несоодетно однесување. Родителите или старателите на ученици со вакви проблеми ќе имаат законска обврска да дојдат на поканата за средба со психолог, што ќе им ја испраќа училиштето, или ќе бидат парично казнети.
XS
SM
MD
LG