Достапни линкови

logo-print

Хрватите гласаат на референдум за членство во ЕУ


Анти-ЕУ протести во Загреб.

Анти-ЕУ протести во Загреб.

Хрватските граѓани денеска гласаат на референдумот за членство на земјата во Европската унија. Над 4,5 милиони луѓе имаат право на глас. За референдумот да биде успешен треба да гласаат повеќе од половината од Хрватите со право на глас. Освен тоа, половината од оние кои гласале треба да го поддржат членството на Хрватска во ЕУ за да може земјата да се приклучи кон Унијата.

Анкетите покажуваат дека Хрватите ќе го поддржат зачленувањето во ЕУ.

Хрватска треба да стане полноправна членка на ЕУ на 1 јули 2013 година, осум години откако ги почна преговорите за приклучување.
XS
SM
MD
LG