Достапни линкови

Францускиот министер за одбрана пристигна во Кабул


Францускиот министер за одбрана Жерард Лонге денеска изјави дека француските војници кои загинаа минатата недела во Авганистан биле убиени од Талибанец кој се инфилтрирал во авганистанската национална армија. Тој ова го изјави по средбата со генералот на 3-тата авганистанската бригада. Лонге пристигна денеска во Кабул на разговори од највисоко дипломатско ниво по предупредувањата на Париз дека ќе го забрза процесот на повлекување на своите војници од Авганистан, по инцидентот во кој загинаа 4- ца француски војници. Тој при посетата се сретна и со дванаесетмината ранети војници, при нападот во петокот. Лонге денеска ќе се сретне и со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.
XS
SM
MD
LG