Достапни линкови

logo-print

Протести во Бенгази


Околу 200 либиски демонстранти незадоволни од брзината на спроведување на реформи во земјата денеска упаднале во седиштетото на Преодната влада во Бенгази и барале да се сретнат со властите. Демонстрантите со помош на рачни гранати уништувајќи ја портата влегле во седиштетото, каде инсистирале да се видат и да разговараат со претставник на новите власти. Жители на Бенгази, градот од каде во февруари минатата година започнаа протестите против поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, речиси две недели протестираат со барање за транспарентно и праведно управување од страна на новите власти. Дел од демонстраните имаат поставено шатори пред седиштето на Националниот транзициски совет, протестирајќи против новиот изборен закон твдејќи дека е донесен без јавна консултација.
XS
SM
MD
LG