Достапни линкови

Белградската Арена „окупирана“ од македонски навивачи


Неколку илјади македонски навивачи денеска го„окупирале “ просторот околу белградската „Арена“, во исчекување на натпреварот на македонската ракометна репрезенатција против Данска, јавуваат српските медиуми.Друг навивачи и речиси да нема е наведно во новинските извештаи.
Голем број на навивачи со автомобил, автобуси и воз ја поминаа границата упатувајќи се кон Белград. Дел од навивачите кои досега престојуваа во Ниш се преселија в Белград.
Според проценките на македонските спортски портали се очекува во Белград да пристигнат околу 8 илјади македонски навивачи.
Од македонските железници најавија дека во деновите кога ќе игра македонскта репрезентација, ќе бидат воведени дополнителни линии за да им излезат во пресрет на навивачите.
XS
SM
MD
LG