Достапни линкови

Над 120 луѓе загинале при бомбашките напади во Нигерија


Најмалку 120 луѓе загинале при серијата бомбашки напади во Кано, Нигерија, јавуваат новинските агенции. Хуманитарните организации соопштија дека извлекле десетици тела од под урнатините од екплозиите. Според новинските извештаи во болниците биле примени тела на 120 луѓе.
До сега полицијата потврди дека само 7 луѓе загинале при нападите на 8 локации. Полицијата по нападите воведе полициски час во Кано, град кој често пати е цел на исламистичката секта Боко Харам. Таа група ја презеде одговорноста за нападите за време на божиќните празници во црквата во главниот нигериски град при што загинаа 37 луѓе а речиси 60 луѓе беа ранети. Исламистичката Секта Боко Харан ги третира како неверници сите оние кои не ја следат нивнта строга идеологија, без разлика дали се тоа христијански или муслимански верници.
XS
SM
MD
LG