Достапни линкови

logo-print

Повредени тројца демонстранти во Хрватска


При судирите на полицијата во Загреб со група националисти, кои се пробале да го симант знамето на Европската унија повредени се тројца демонстранти а неколкумина се приведени, јавуваат новинските агенции. Судирите избувнаа денеска на крајот од протестната прошетка на околу 1.000 лица, главно ветерани од војната и крајнодесничарски демонстранти, кои се противат на приклучувањето на Хрватска кон ЕУ.
Според последните истражувања на јавното мнение, околу 60 проценти од Хрватите се проевропски настроени.
Оние, кои се против, тврдат дека земјата нема да добие ништо со приклучувањето кон Унијата
Во Хрватска утре ќе се оддржи реферндум на кој граѓаните треба да се изјаснат за примеот на земјата во ЕУ.
XS
SM
MD
LG