Достапни линкови

Уапсени киднапери на македонски државјанин во Албанија


Албанска полиција

Албанска полиција

Албанската полиција уапсила двајца жители на Фиер, кои киднапирале македонски државјанин, за чие ослободување барале 50.000 евра, јавува новинската агенција МИА. Полицијата, во рамки на акцијата „Ротондо“ , вчера попладне, во Тирана, ги уапси киднаперите кои македонскиот државјанин неколку дена го чувале во градот Фиер. Ослободено е киднапираното лице, а на киднаперите им се одземени парите.
Полицијата соопшти дека киднаперите биле уапсени во моментот на размената.
XS
SM
MD
LG